Производот кој што е нарачан онлајн и е доставен од страна на курирската служба, потребно е да го проверите веднаш по приемот и доколку истиот има видливи оштетувања, како искинати делови или нагмечувања веднаш пријавете до контакт центарот на ди мано дизајн на е-маил dimanodizajn@hotmail.com или на еден од телефонските броеви наведени на сајт.
Со цел да се процесира рекламацијата потребно е да ни испратите е-маил со следните информации:
– Број на нарачка.
– Шифра на производот што сакате да го рекламирате.
– Опис на проблемот што го имате и слика од оштетениот производ.
Рекламацијата без потребните информации се смета за некомплетна.
Пријавувањето на производ кој што е ошететен потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, декларација, кутија, фактура и истиот не треба да е носен и/или перен.
Рекламациите се прават исклучиво онлајн и не е можна физичка рекламација за производи нарачани онлајн во нашите продавници.
ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ
Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, ди мано дизајн има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
Доколку е потребно да се креира поврат и рефундација за производи кои што се платени во готово при превземање на нарачката, рефундацијата не може да се направи во готовина, туку се прави на трансакциската сметка на корисникот која што ни ја доставил во своето барање за поврат.
ПОТРОШУВАЧКИ ПРИГОВОРИ
Вашите приговори и забелешки може да ни ги доставите на dimanodizajn@hotmail.com или по пошта на нашата адреса наведена погоре.